Францускиот град Пантен го менува своето име од машко во женско, на една година, за да се истакне еднаквоста меѓу жените и мажите. Одлуката ја донесе градоначалникот Бертран Карн.
– Додаваме „е” на крајот од името на градот и на тој начин сакаме да ja подигнеме свеста кај луѓето за еднаквоста меѓу жените и мажите – рече Керн.
Тој истакна дека жените сѐ уште се помалку платени за својата работа од мажите, одредени професии им се забранети, а нивното место на јавниот простор не е секогаш добро прифатено од мажите. Градоначалникот ја критикува не само постоечката нееднаквост, туку и насилството врз жените со оваа промена на името со многу симболика.
Гратчето е, всушност, едно од предградијата на францускиот главен град Париз.
Променетото име на Пантен со додадено „е” се изговара „Пантин”. Но, тоа нема да биде напишано на таблите на влезот во градот, ниту пак, ќе има официјална промена на поштенската адреса, бидејќи тоа би барало многу административни процедури. Промената е само симболична.
МИА