Вучиќ за проценките на Јункер: Не би ги потценил предупредувањата на Јункер – ММС
ММС

Објавено на: 10/6/18 1:44 PM

Вучиќ за проценките на Јункер: Не би ги потценил предупредувањата на Јункер

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека можеби е претерано предупредувањето на претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, дека на Балканот ќе биде како во 1990-те, ако му се ускрати ЕУ перспективата, но дека не го потценува таквото предупредување.

Вучиќ истакна дека Србија и натаму ќе игра важна улога во зачувувањето на мирот во регионот.

„Ние ќе го чуваме мирот, ќе преминеме преку провокациите од регионот, ќе се чуваме и себе и другите“ нагласи Вучиќ.

За медиумските пишувања во кои на Јункер му се припишува склоноста кон алкохолот, Вучиќ рекол дека се работи за многу сериозен и вреден човек, политичар кој повеќепати убедливо победувал во својот Луксембруг на изборите и за фантастичен економист.