Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, одговори на критиките откако направи селфи покрај ковчегот на Пеле.
– Вознемирен сум откако ме известија дека некои луѓе ме критикуваат за правење селфи и фотографии на церемонијата. Сакам да појаснам дека за мене беше чест што соиграчите и членовите на семејството на големиот Пеле од мене побараа фотографија. Што се однесува до селфито, ме замолија да се фотографираме заедно, но не знаев како да го направам тоа. Затоа, му го зедов телефонот на еден од нив и не сликав сите за него. Доколку бидам критикуван затоа што му помогнам на блиските на Пеле, со задоволство ќе ги прифатам критиките и ќе продолжам да им помагам, на секој начин што можам, напиша Инфатино.
Venu se «recueillir» au pied du cercueil du plus grand footballeur de tous les temps au stade de Santos, au Brésil, le président de la #FIFA Gianni #Infantino dégaine son portable et photographie cet instant devant le pauvre #Pelé gisant. Quelle indignité, quelle honte. #àvomir pic.twitter.com/C5nqbhLVln
— Arnaud Bédat (@ArnaudBedat) January 2, 2023
View this post on Instagram
Пеле почина на 29 декември 2022 година на 82-годишна возраст поради компликации од рак на дебелото црево.
Бразилецот е единствениот трикратен светски шампион во историјата како фудбалер, а воедно и рекордер по бројот на постигнати голови во кариерата (1.279).
МИА
Фото: Инстаграм