(Видео) Одат користејќи нозе и дланки: Семејството Улас ги збуни научниците ширум светот – ММС
ММС

Објавено на: 01/3/23 7:09 PM

(Видео) Одат користејќи нозе и дланки: Семејството Улас ги збуни научниците ширум светот

Семејството Улас е единствено по тоа што неговите членови одат четвороношки.

Нивното одење е исто како кај мајмуните. Да се оди и со раце и со нозе е многу голем напор и се смета дека тоа на долг рок е неиздржливо, но браќата и сестрите Улас единствено така може да се движат. Ова курдско семејство од Турција стекна популарност кога Би-Би-Си направи документарец за нив.

Семејството е откриено кога документите на турските научници излегоа на виделина, а научниците ширум светат останаа фасцинирани од начинот на кој се движи ова семејство. Турските научници го окарактеризираа семејството како „назадна еволуција“.

Професорот, Николас Хемфри дошол до заклучок дека 12 од 19 деца се родени здрави, но дека имаат „единствен инвалидитет“.

Петмина од дванаесетте браќа и сестри одат со стапалата и дланките.  Една студија покажала дека овие браќа и сестри имаат облик на непрогресивна конгенитална церебрална атаксија. Тие имале и благи интелектуални тешкотии, но и проблеми со балансирање на двете нозе.

Тоа што дел од научниците ги окарактеризираа како „назадна еволуција“ предизвика критики кај стручните лица, па во научните кругови се појави дилемата „дали е возможно такво нешто“?

„Никогаш не очекував дека модерните човечки суштества ќе се вратат во состојба како животните“, изјавил професорот Хемфри.

Потоа научниците утврдиле дека скелетот на овие луѓе е поинаков од скелетот кај обичните луѓе, односно родителите на почетокот мислеле дека нивните деца ќе може да одат само со нозете, но тоа се променило со текот на годините.

„Ако постојаноста на ваквото одење кај овие браќа и сестри е резултат на слабо развиен мзок и на комбинација од необични генетски, физиолошки и психолошки фактори, тогаш ова семејство е навистина неверојатно, бидејќи тоа е синдром кој можеби никогаш веќе нема да се види. Меѓутоа, дури и ако ова е еднократна патолошка состојба, мислиме дека од неа може да се извлечат антополошки лекции. Бидејќи како што нагласивме на почетокот, одот на овие возрасни луѓе има карактеристики без преседан“, наведено е во научните документи за семејството Улас.