Легендарниот бразилски фудбалер Пеле, кој почина на 83 години, по неговата смрт го крена на нозе цел Бразил, но на погребот кој беше закажан за денес, попладнево се случи инцидент.
Три дена ковчегот со посмртните останки на легендарниот фудбалер беше на стадионот на Сантос, клубот во кој се прослави, а потоа беше изваден и на пожарникарско возило кое помина низ улиците на градот Сантос, за народот за последен пат да го поздрави.
Integrantes da torcida Sangue Jovem, do Santos, agridem membro da Mancha Verde, principal organizada do Palmeiras, durante o cortejo fúnebre de Pelé.
Polícia militar precisou intervir e escoltar o palmeirense até um local seguro.
📹 @SamPancher pic.twitter.com/SJnLuBJYwL
— Metrópoles (@Metropoles) January 3, 2023
Меѓутоа, меѓу 230.000 луѓе, како што проценуваат бразилските медиуми, имало и некои „жешки глави“.
Кога членовите на навивачката група на Сантос „Санге Јовем“ во огромната поворка забележале член на групата „Манча Верде“ која го бодри Палмеирас и со која се „на ратна нога“, го нападнале.
Морало да интервенира воената полиција и да го однесе нападнатиот навивач на Палмеирас на безбедно место.
До тој момент, поворката се движела речиси три часа, а Пеле ќе биде погребан на необични гробишта: тоа е повеќекатница наменета за вечно почивалиште на луѓето.
This is @Pele’s final resting place #orei #pele #pelé #brasil #santos pic.twitter.com/rBmCWjbvnG
— Katy Watson (@katywatson) January 3, 2023
Погребот на Пеле ќе биде извршен само во присуство на членовите на семејството.
Како и претходните два дена, така и денес илјадници луѓе поминаа покрај ковчегот со Пеле на стадионот „Вила Белмиро“, а температурата од околу 30 степени не им пречеше бидејќи полека чекаа да дојде редот да се збогуваат со „ кралот” “.
На тоа последно збогум голем број луѓе дојдоа или во црно-белите дресови на Сантос, или во дресот на бразилската репрезентација.
На звучниците постојано се пушташе гласот на Пеле, неговата песна од 2006 година, “Meu legado”, т.е. „Моето наследство“.
Извор: novosti.rs
Фото: Twitter / PrtScr