Белградскиот сплав „Фристајлер“ почнал да тоне на новогодишната ноќ неколку минути по полноќ, а како што дознава српскиот портал Блиц, во моментот кога водата почнала да го „голта“ сплавот, на него имало повеќе од 700 луѓе, иако сплавот е регистриран за 220.
Како што дознаваме, комплетната документација е потопена, а неупотреблив е и видео надзорот. Сè завршило под вода.
Сопственикот, директорот и управителот на сплавот „Фристајлер“ се приведени поради инцидентот што се случи на новогодишната ноќ, кога сплавот потона во реката. Сомнежите се дека Маркос Љ. (52), Драган В.(47) и Марко. Р.(42) сторил кривично дело тешко дело против општата сигурност во врска со кривичното дело предизвикување општа опасност, пишува порталот Н1.
Според нив сега на социјалните мрежи се појави комплетен ценовник, а цените се следни:
Синоћ pic.twitter.com/1tQu3I3USh
— Гилти Сигурдсон (@SiggySwans) January 1, 2023
Само влезот на забавата чинел 20 евра, резервацијата на бар-маса за пет лица, која вклучува едно шише домашен пијалок, чинела 230 евра, мало сепаре за осум лица и премиум шише 600 евра, ВИП сепаре за 12. луѓе, 1 шише премиум пијалок и 2 шишиња шампањ чинело 1.100 евра. Ултра ВИП сепаре 1.600 евра за 15 лица, а мега ВИП сепаре 2.400 евра, во цената се вклучени 2 шишиња премиум пијалоци и две шишиња шампањ Дом Перињон.