Маглата ја намали видливоста на патиштата во голем дел од земјата – ММС
ММС

Објавено на: 01/3/23 12:28 PM

Маглата ја намали видливоста на патиштата во голем дел од земјата

Намалена видливост поради појава на магла има на повеќе патишта во државава, информираат од ЈП „Македонија пат” од каде посочуваат дека сообраќајот се одвива непречено, по наместа влажни коловози.

– Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на патните правци Битола – Прилеп, Охрид – Ресен, Охрид – Струга, Македонски Брод – Кичево и на планинскиот превој Плетвар, од 50 до 100 метри на патниот правец Штип – Струмица и Штип – Неготино, Тетово – Скопје и од 100 до 150 метри на патните правци Велес – Катланово, Катланово – Велес и Светин Николе – Куманово, стои во соопштението.

Од АМСМ дополнуваат дека на одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони и апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот