Како да ја чувате француската салата и колку долго може да стои во фрижидер? – ММС
ММС

Објавено на: 01/4/23 8:43 AM

Како да ја чувате француската салата и колку долго може да стои во фрижидер?

Празничната трпеза речиси никогаш не може да помине без познатата француска салата.

Оваа салата е релативно лесна за подготовка, но исто така, поради состојките кои ги содржи лесно може да се расипе. На сите ни е добро познато дека таа содржи намирници кои лесно може да се расипат како шунка, мајонез и различни видови зеленчук. Освен тоа, доколку го покриете со фолија садот во кој ја чувате салатата, ќе овозможите до неа да дојдат и микроорганизми, со што вие во вашиот организам ќе внесете голема количина бактерии без да сте свесни за тоа.

Затоа најдобро е салатата да ја чувате во сад со капак во фрижидер. Меѓутоа, дури и да е складирана на соодветен начин, најдобро би било салатата да се изеде во рок од три дена.

Не би било лошо дел од салата да ставите во чинија, а останатиот дел веднаш да го вратите во фрижидер, со што би спречиле да дојде до расипување. Стручните лица како идеална температура за чување на француската салата препорачуваат 4°C.

 

(Рецепт) Јадете без грижа на совест: Здрава француска салата со помалку калории