Пред три години освоил милион евра, но не се јавил да ги подигне: Пропадна лото добивка во Германија – ММС
ММС

Објавено на: 01/3/23 10:11 AM

Пред три години освоил милион евра, но не се јавил да ги подигне: Пропадна лото добивка во Германија

Износ од милион евра е освоен пред три години на лото во германската сојузна земја Саксонија-Анхалт, но никогаш не е преземан. Добитникот на износот на 31 декември ја изгуби приликата да ги подигне парите.

„Добитникот имаше три години да ги побара парите, но за жал не го направи тоа“, соопштија од Лотаријата, пренесува Fenix magazin.

„Се надевавме дека ќе се јави, но за жал немаше среќен завршеток“, изјави директорот на Лотаријата, Стефан Еберт.

Добивката од милион евра за која добитникот очигледно не бил ни свесен, е извлечена во 2019 година во рамките на посебното божиќно извлекување.