Изминатото деноноќие произведени 18.026 мегават часови – соопшти Владата – ММС
ММС

Објавено на: 01/3/23 10:01 AM

Изминатото деноноќие произведени 18.026 мегават часови – соопшти Владата

АД ЕСМ вчера произведе 18.026 мегават часови електрична енергија, со што целосно ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи, информираат од Владата.

При тоа, како што посочуваат, во термоелектраните се произведени 11.662, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци 6.364 мегават часови електрична енергија.

-Во изминатото деноноќие AД ЕСМ не набави електрична енергија од странство, потенцираат од Владата.