(Видео) Арабиjа на нозе! Вечерва пристигна Роналдо со цела екипа околу него – ММС
ММС

Објавено на: 01/2/23 11:33 PM

(Видео) Арабиjа на нозе! Вечерва пристигна Роналдо со цела екипа околу него

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо вечерва пристигна во Ријад, во пресрет на претставувањето пред навивачите на саудискиот клуб Ал-Наср, со кои потпиша договор за проценета плата од 200 милиони евра за две години.
Тој вечерва пристигна на аеродромот во Ријад, објави јавната телевизија Ал-Екбарија.
Роналдо официјално ќе биде претставен во вторник на стадионот Марсол Парк во Ријад, а промоцијата е закажана за 19 часот по локално време.


Според извори од клубот, „со себе донел голем број асистенти, а ангажирал и приватна компанија за обезбедување“. Првично тие ќе престојуваат во луксузен хотел во центарот на Ријад.

Потпишувањето на Роналдо е еден од серијата обиди на Саудиска Арабија да се позиционира во спортот на високо ниво, откако беше домаќин на трки во Формула 1, боксерски натпревари за титула, турнири во голф и купување на англискиот клуб Њукасл.

Министерот за спорт Абдулазиз Бин Турки Ал Фајсал на својот Твитер профил вети дека „наскоро ќе ги поддржи другите клубови кои сакаат да ангажираат квалитетни меѓународни ѕвезди“.

Извор: Информер.рс

Фото: Видео принтскрин