(Видео) Пеле ќе биде погребан на деветти кат! Погледнете како изгледаат највисоките гробишта – ММС
ММС

Објавено на: 01/2/23 9:02 PM

(Видео) Пеле ќе биде погребан на деветти кат! Погледнете како изгледаат највисоките гробишта

Легендарниот бразилски фудбалер Пеле ќе биде погребан во вторник во Сао Паоло.

Денес на стадионот Урбано Калдеира каде игра Сантос се одржува бдение, а славниот фудбалер, според многумина најдобар на сите времиња, ќе биде погребан на помалку од еден километар од стадионот.

Според пишувањата на новинарот на „Дејли мирор“ Енди Лајнс, кој моментално се наоѓа во Бразил, Пеле ќе биде погребан на „Екуменските“ гробишта, највисоките во светот.
Станува збор за гробишта кои имаат 32 ката, а Пеле ќе биде погребан на деветтиот кат.


Очигледно, тој се одлучил на тоа затоа што неговиот татко го носел бројот девет и затоа што тоа е неговиот омилен број.
Исто така, бидејќи гробното место се наоѓа високо, од него може да го „надгледува“ стадионот на клубот на кој мина 18 години од својата кариера и со кој постигна голем успех.

Гробиштата биле изградени во 1983 година, а една година подоцна бил одржан првиот погреб. Зафаќа површина од 1,8 хектари и содржи околу 16.000 гробници. Според Гинисовата книга на рекорди, „Екуменика“ се највисоките гробишта во светот.

Курир. рс

Фото: Принтскрин видео Твитер