„Денес ние тројца требаше да бидеме вака гушнати“ – Потресна порака на ќерката на Масимо Савиќ – ММС
ММС

Објавено на: 01/1/23 8:12 PM

„Денес ние тројца требаше да бидеме вака гушнати“ – Потресна порака на ќерката на Масимо Савиќ

Семејството на легендарниот хрватски пејач Масимо Савиќ тешко ја поднесува неговата смрт и не може да се помири со фактот дека него повеќе го нема.

На почетокот на годината беше многу тежок за неговата наследничка Мирна, а сега таа ги сподели своите емоции на социјалната мрежа Фејсбук.
Мирна имала многу планови со својот татко, а сега е скршена од болка бидејќи пејачот повеќе не е покрај неа за да ги оствари.

– Денеска тројцата требаше да застанеме во оваа прегратка, но пред матично. Тато планираше да не изненади со песна. Ќе го поминам остатокот од мојот живот обидувајќи се да му простам на универзумот за оваа болка – напиша Мирна покрај фотографијата на која насмеано позира со нејзиниот татко и нејзиното момче.

Масимо почина на 61-годишна возраст по тешка битка со ракот на белите дробови, а тажната вест на социјалната мрежа Фејсбук ја потврдија неговата сакана сопруга Ени и ќерката Мирна.