Државна видеолотарија на „Скопје трча 10 километри“ – ММС
ММС

Објавено на: 10/6/18 8:49 AM

Државна видеолотарија на „Скопје трча 10 километри“

„Скопје трча 10 километри“ е насловот на трката која ќе се реализира в недела, а кон која свој придонес ќе даде и Државна видеолотарија на Република Македонија. Оваа компанија под мотото „Секој километар значи“ ќе даде свој придонес кон реализирањето на основната цел, собирање средства за изградба на Младинската куќа во СОС Детското село, во Радишани. Тимот на Државна видеолотарија го препозна потенцијалот на овој убав настан кој во себе ги обединува спортот како начин на здрав живот и хуманоста за младинците од СОС Детското село.

Екипите на Државна видеолотарија на РМ и Државна Лотарија на РМ ќе бидат позиционирани со свој штанд на местото од каде трката ќе започне.

Почетокот на „Скопје трча 10 километри“ е в недела (7 октомври) во 9 часот. Стартот е до фонтаната „Лотос“ на булеварот „Илинден“, а и самиот финиш ќе биде на истата локација. Трката е кружна и се трчаат 2 круга по 5 километри.