Новата 2023 година пристигна, а први ја дочекаа жителите на островот Лаеин, кој припаѓа на островската држава Кирибати во Тихиот Океан, како и на Самоа и Нов Зеланд.
Околу 14 часот по наше време Австралија ја дочека Новата година.
Кирибати се наоѓа во централниот дел на Тихиот Океан, на околу 4.000 километри југозападно од Хаваите.
Република Кирибати е островска земја чии 33 атоли – корални острови, распространети на повеќе од 1.351.000 квадратни километри во областа околу екваторот. Земјата припаѓа на земјите од Комонвелтот и има околу 103.000 жители кои живеат во 21 провинција.
По Кирибати, Новата година ќе ја дочекаат жителите на Далечниот Исток на Азија и Нов Зеланд, а потоа следуваат Австралија, Јапонија, Индонезија, Кина, Индија и други азиски земји, потоа Европа и Африка, а потоа и двата американски континенти.
„Целиот круг“ завршува на полноќ на 31 декември на Пацификот – Хаваи, Американска Самоа и островите Мидвеј.
Кинезите, за разлика од другите жители на земјината топка, се прилично рамнодушни кон дочекот на 1 јануари, бидејќи имаат своја Нова година, која трае 15 дена. Првиот ден од кинеската Нова година започнува на младата месечина, која се јавува помеѓу 21 јануари и 20 февруари.
Жителите на Сиднеј влегоа во 2023 година, додека Австралија се збогува со првата Нова година без ограничувања во последните две години поради Ковид.
Сиднеј е првиот од големите градови во светот кој влезе во Новата година со голем огномет кај Операта