Пеле со години беше инспирација за безброј млади фудбалери кои сонувале еден ден да тргнат по неговите стапки. Сепак, многумина гледаат без воодушевување на неговиот приватен живот.
Најголемото „наследство“ на Пеле се трите победи на Светското првенство во дресот на Бразил во 1958, 1962 и 1970 година.
Од 1957 до 1971 Пеле како член на бразилската репрезентација има дадено 77 голови, а тоа го прави лидер на сите времиња во националното натпреварување (вкупно 95 голови вклучувајќи ги и неофицијалните пријателски натпревари). Инаку, Пеле се натпреваруваше и за Сантос, а кариерата ја заврши во Њујорк . Тој постигна 504 гола за Сантос и 37 за Космос во периодот од 1975 до 1977 година. Поради тоа доби бројни фудбалски признанија, а ФИФА му ја додели титулата играч на векот, која тој ја подели со Марадона.
Како пензионер активно беше вклучен во добротворни акции, важеше за извонреден министер на спортот на Бразил и доби Меѓународна награда за мир од УНИЦЕФ во 1978 година.
Оние кои се добро упатени во неговата биографија, велат дека уште од самиот почеток на кариерата бил активен на љубовен план. Тој се ожени три пати, јавна тајна беше дека има љубовници, а неговите деца се уште никој не успеал точно да ги преброи.
Првпат стапи во брак во 1966 година. Бракот со Росемери Чолби траеше до 1982, а фудбалерот со неа има три деца. Потоа во 1994 повторно се ожени, овојпат со пејачката Асрија Лемос, со која добија близнаци. Од неа се разведе во 2008. Третата свадба се случи во 2016 година кога тој имаше 75 години. Се ожени со својата долгогодишна девојка, бизнисменката Марсија Цибеле Аоки. Тие се запознале во осумдесеттите години, па уште од тогаш зборувал дека Марсија е негова „дефиниција за љубов“. Дури и за време на бракот на неговата „најсакана“ Марсија се шушкаше дека тој има бројни забранети врски. Сосема е возможно разводите на Пеле да се резултат на неговите постојани невества. Неговите вонбрачни романси секогаш беа интересни за медиумите кои највеќе пишуваа за аферата со маннекенката Ксукс.
За Пеле се вели дека не учествувал многу во животите на неговите деца по разводите со сопругата. Неговиот син од првиот брак беше осуден и на 33 години затвор поради перење пари и трговија со дрога. Казната потоа беше намалена на 13 гоини, а Пеле не го посетил во затвор ниту еднаш. Фудбалската ѕвезда има и уште најмалку две ќерки од вонбрачните врски. Една од нив и официјално беше прогласена за негова ќерка па по петгодишна правна битка доби дозвола да го користи неговото презиме. Кога новинарите го прашаа Пеле за неговото „мрачно минао“ тој само кратко одоговори дека бил нормален тинејџер со бројни авантури.