Пожар изби денеска претпладне во казино близу Домот на културата во Ѓорче Петров.
Пожарот бил пријавен во полиција околу 10:40 часот, а противпожарната служба го изгаси по околу два часа. Во гаснењето учествуваа шест противпожарни возила.
Пламенот целосно го пеплоса кровот од објектот каде што е сместено казиното, но за среќа нема човечки жртви. Информацијата ја потврди и градоначалникот, Александар Стојкоски.
Гори покривна конструкција на објект и се работи на терен да се санира пожарот. Не се работи за општински објект, туку за приватен – рече Стојкоски.