Откако со Бразил ја освои титулата Светски шампион, една година подоцна Пеле го направи најдобриот потег во историјата на фудбалот.
Тоа беше првенствен натпревар помеѓу Атлетико Јувентус и Сантос, одигран во 1959 година. Во 81. минута при резултат 0:3, Дорвал се проби по десното крило, одвлече до височината на шеснаесетникот и испрати центаршут. Точка на фокус – Пеле.
Бидејќи и половина век откако се случи тој гол се зборуваше и пишуваше за најубав во кариерата на Пеле, Бразилците решија да направат компјутерска анимација. Со помош на живи сведоци од трибините и самите играчи, програмерите ги собраа сите потребни информации и се фатија за работа.
„Годините несомнено ги разубавија спомените, но суштината останува иста – ова е најубавиот гол на Пеле – напишаа бразилските медиуми кога се појави клипот.