Крадела во трговски центар: Полицијата приведе жена од Гостивар – ММС
ММС

Објавено на: 12/30/22 1:45 PM

Крадела во трговски центар: Полицијата приведе жена од Гостивар

Вчера попладне во трговски центар во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ја лишиле од слобода И.М.(37) од Гостивар.

Таа била фатена при извршување кражба во трговскиот центар, при што одзела повеќе предмети. Одземените предмети биле вратени на сопствениците, а И.М. била задржана во полициска станица.

По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава – соопшти денеска МВР.