Медените колачиња се едни од најпопуларните зимски десерти, а ние ви го претставуваме наједноставниот рецепт со чија помош овие колачиња сигурно ќе испаднат совршени.
Состојки
150 гр путер
350 мазно брашно
100 гр мелени ореви (доколку не ви се допаѓаат или сте алергични на јаткасти плодови, слободно „елиминрајте“ ги)
2 помали или 1 големо јајце
лажичка сода бикарбона
зачини по желба (цимет, каранфилче, ѓумбир…)
Подготовка
Брашното ставете го во поголем сад, додадете ја содата па оревите и добро промешајте. Ако користите зачини додадете ги и нив во брашното во оваа фаза од подготовката. Путерот исечкајте го на тенки ленти и ставете го во брашното па промешајте ја смесата со прсти. Потоа додадете го претходно изматенто јајце и повторно малку промешајте. Додадете мед во смесата и со рацете замесете тесто, а потоа замотајте го во фолија и ставете го во фрижидер на еден час. Од тестото обликувајте топчиња и ставете ги на тава за печење со соодветна масна хартија. Печете околу 10 минути на 180 степени.
Совети плус
Колачињата не мора да ги обликувате во топчиња. Откако ќе се излади тестото развлечете го тенко, па со калапи исечете различни форми по желба. Љубителите на чоколадни медени колачиња може да додадат во тестото и 2-3 лажички какао, со што овој десерт ќе добие уште побогат вкус. Исто така колачињата може да ги украсите со класична бела глазура, направена од 100 грама шеќер во прав и 3 лажици лимонов сок.
informer.rs
Фото: freepik