(Видео) Нурна, но никогаш не исплива – Се удавил додека ја запросувал девојката под вода – ММС
ММС

Објавено на: 12/30/22 10:18 AM

(Видео) Нурна, но никогаш не исплива – Се удавил додека ја запросувал девојката под вода

Романтичниот чин на Американецот, Стивен Вебер Џуниор заврши трагично кога на одмор во Танзанија се нурнал за да ја запроси девојка во т.н. подводна соба на едно одморалиште.

Неговата избраничка Кениша Антоан на Фејсбук објави видео од последните моменти на нејзиното момче со потресна приказна за суровата игра на судбината која го шокираше светот пред три години. На видеото, низ прозорецот, гледа како Стивен  го задржува здивот додека една по друга ја вади пораката на хартиите во торбите и ги става на стаклото.

– Не можам да го задржам здивот доволно долго за да ти кажам сè што сакам кај тебе – пишувало на една белешка. За жал, никогаш не слушнал позитивен одговор од љубовта на неговиот живот.

-Никогаш не излезе од длабочините, па никогаш не го слушна мојот одговор, кој е „Да, да, да, милион пати да, ќе се омажам за тебе“, напиша таа на Фејсбук, додавајќи дека немале шанса да го прослават почетокот на остатокот од нивниот заеднички живот. Одморалиштето „Манта ресорт“ каде што престојувале објави дека Вебер „трагично се удавил додека одел сам да нурка во подводната соба“.

-Со најдлабоко жалење ве известуваме дека во четвртокот на 19 септември 2019 година во одморалиштето Манта се случи фатална несреќа – пишуваше тогаш во соопштението на одморалиштето. Метју Сос, извршен директор на одморалиштето, рече дека „сите се потресени до срж“ од смртта на г-дин Вебер.

Стивен и Кениша резервирале четири ноќевања во подводна соба, која се наоѓа на приближно 250 метри од брегот. Чини 1.700 долари за ноќ, а кабината е закотвена во вода на длабочина од околу 10 метри.