За безбедни празници, бидете внимателни во сообраќајот – Честитка од РСБСП – ММС
ММС

Објавено на: 12/30/22 9:55 AM

За безбедни празници, бидете внимателни во сообраќајот – Честитка од РСБСП

Новогодишните празници се време за дружења со најблиските и пријателите, за споделување на среќа и благосостојба, што значи поголема раздвиженост на луѓето, почести патувања, односно поголем број на возила во сообраќајот на патиштата, но и пониски температури и лизгави коловози.

Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата денеска до сите упати препораки, со цел да избегнат несакани ситуации во сообраќајот:

  • да ги почитуваат правилата и прописите во сообраќајот,
  • да не конзумираат алкохол кога управуваат со моторно возило,
  • да не користат автомобил доколку немаат потреба за тоа,
  • да ја почитуваат пропишаната брзина,
  • да внимаваат на зимските услови за возење,
  • да управуваат технички исправно возило,
  • да не користат мобилен телефон додека возат,
  • да користат сигурносен појас,
  • да одржуваат растојание помеѓу возилата и сл.

За среќни моменти, насмевки и доживувања – бидете внимателни во сообраќајот. Уживајте во празничното расположение, прославувајте одговорно и возете безбедно.

СРЕЌНИ, ВЕСЕЛИ И БЕЗБЕДНИ ПРАЗНИЦИ – порачуваат од РСБСП.