Новогодишните празници се време за дружења со најблиските и пријателите, за споделување на среќа и благосостојба, што значи поголема раздвиженост на луѓето, почести патувања, односно поголем број на возила во сообраќајот на патиштата, но и пониски температури и лизгави коловози.
Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата денеска до сите упати препораки, со цел да избегнат несакани ситуации во сообраќајот:
- да ги почитуваат правилата и прописите во сообраќајот,
- да не конзумираат алкохол кога управуваат со моторно возило,
- да не користат автомобил доколку немаат потреба за тоа,
- да ја почитуваат пропишаната брзина,
- да внимаваат на зимските услови за возење,
- да управуваат технички исправно возило,
- да не користат мобилен телефон додека возат,
- да користат сигурносен појас,
- да одржуваат растојание помеѓу возилата и сл.
За среќни моменти, насмевки и доживувања – бидете внимателни во сообраќајот. Уживајте во празничното расположение, прославувајте одговорно и возете безбедно.
СРЕЌНИ, ВЕСЕЛИ И БЕЗБЕДНИ ПРАЗНИЦИ – порачуваат од РСБСП.