Дали е тоа тоалетна хартија на чевелот од Трамп ?! (ФОТО) – ММС
ММС

Објавено на: 10/5/18 1:36 PM

Дали е тоа тоалетна хартија на чевелот од Трамп ?! (ФОТО)

Американскиот претседател, Доналд Трамп на мета на светските медиуми. За време на кампањата „Мake Аmerica great again“ во Минесота за претстојните избори во ноември, не го забележа неговиот додатен багаж.

Откога се качи по скалилата на авионот, се сврте да отпоздрави со раката и влезе оставајќи го парчето хартија на врвот на скалите.

Ниту еден од неговите вработени не се обиде да го предупреди претседателот за проблемот. Очигледно не станува збор за фотомонтажа туку за вистинско парче хартија.