Хрватскиот главен град Загреб ја прифати иницијативата на здружението „Пријатели на животните” и за прославата на Нова година нема да организира огномет. Наместо тоа, граѓаните на централниот плоштад ќе ја дочекаат Новата година со шарени конфети, визуелни ефекти и богата музичка програма.
Со оваа одлука, градот Загреб ја прифати иницијативата, која претходно ја поддржаа повеќе хрватски градови, меѓу кои Осијек, Риека, Пула, Опатија, Самобор и други.
Хрватското здружение „Пријатели на животните” претходно го повикаа Градот Загреб да не организира огномет за новогодишната ноќ, велејќи дека огнометот има негативни ефекти врз животната средина, влијае на респираторните и кардиоваскуларни проблеми кај луѓето и предизвикува паничен страв кај многу животни.