Како да држите диета без глад, а да слабеете? – ММС
ММС

Објавено на: 01/3/23 8:40 AM

Како да држите диета без глад, а да слабеете?

При диета што бара помалку калории, т.е. намален внес на храна, важно е и да се најдат начини да се остане сит.

Следат совети за што помалку „саможртви“ во исхраната.

Како да не се чувствуваме гладни или екстремно уморни, при исполнувањето на потребите за храна?

Според познавачите, не мора да се јадат само салати, ниту пак да се откажете од слатките нешта. Првиот совет е да го зголемите обемот на храната. Колку е поголем волуменот на нискокалорична храна, толку е поголема ситоста после јадењето. Зеленчукот е најдобриот начин да се зголеми обемот на храната без да се внесуваат повеќе калории.

Во таа смисла се препорачуваат зелена салата, домати, краставици, кисела зелка, карфиол, брокула и пиперка. Од житарките, особено препорачливи се просо, булгур, кускус и овес, а од мешунките – леблебии, грав, леќа, боранија и грашок.

Друг совет е да се намали количината висококалорична храна. Наместо два реда, јадете две до три чоколадни коцки или ако сте љубител на путер од кикирики – просто, користете мала лажица наместо голема. Може, исто така да се побараат поздрави верзии на омилените слатки со помалку калории.

Натаму, кога послужувате храна, ставете повеќе зеленчук наспроти храната со јаглехидрати. Може барем четвртина од чинијата да биде исполнета со јаглехидрати, друга четвртина со протеини, а остатокот – со зеленчук.

Повеќе супи и чорби… Тие имаат голем обем поради големото количество вода, па се одличен начин за внес на некои калории. Покрај тоа, така може да се намали внесот на леб и да се зголеми внесот на зеленчук.

Последниот, петтиот совет се однесува на протеини, коишто се важни за растот и развојот на мускулната маса, а по правило создаваат и чувство на ситост. Освен месото и рибата како ослич и бакалар, најдобри извори на протеини се јајцата и свежите сирења.