Како ќе сообраќаат автобусите за време на празниците? ЈСП го соопшти и работното време на билетарите – ММС
ММС

Објавено на: 12/29/22 12:28 PM

Како ќе сообраќаат автобусите за време на празниците? ЈСП го соопшти и работното време на билетарите

В сабота возилата од јавниот превоз ќе сообраќаат по саботен возен ред, а во недела (1.01.2023 год) по неделен возен ред, при што првите вклучувања на возилата ќе бидат подоцна од воообичаеното, а останатите согласно неделниот возен ред – соопштија денеска од ЈСП Скопје.

Во понеделник (02.01.2023 год) ќе се вози по неделен возен ред, со вообичаените термини на првите вклучувања на сите линии.

Од вторник (3.01.2023 год) јавниот превоз ќе сообраќа по редуциран делничен зимен ред, поради училиштниот зимски распуст.

Работно време на билетарници и центри за персонализација

Во сабота (31.12.2022 год), сите билетарници и центри за персонализација ќе работат до 17 часот, а на 1 и 2 јануари нема да работат.

Работно време на Жичарница

Жичарницата на 31.12.2022 год и 1.01.2023 год ќе работи вообичаено, од 10 до 17 часот.

Во понеделник (2.01.2023 год), нема да работи, бидејќи секој понеделник, како и секој последен вторник во месецот се врши редовен преглед на објектот.