Ако почнат да ве ловат како зајаци, тогаш е готово, тогаш веќе нема договор, нема ништо, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ по средбата со Србите од Косово и Метохија.
– Ако почнат да те ловат како зајаци, тогаш е готово, тогаш веќе нема договор, нема ништо. Ако фатат еден од нас, или двајца како зајаци, нема повеќе зајаци, тие зајаци стануваат волци – напиша претседателот на својот Инстаграм профил.
Во видеото тој наведува дека ги разбира емоциите, дека се труди да ги разбере и дека може да даде безброј примери за тоа како се однесуваат со нас амбасадорите, претседателите и премиерите на различни земји.
– Не ја гледам поентата во тоа кукање. И кога се карате мора да разговарате. Ајде да разговараме пред да одиме во војна – рече Вучиќ.
View this post on Instagram