Дојави за бомби попладнево се упатени на електронските адреси на 12 училишта во Скопје и осум во Куманово – информираат од МВР.
-Дo сега, попладнево, e пријавено дека на електронските адреси на 12 училишта во Скопје и осум во Куманово е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите, наведуваат од МВР.
Во текот на вчерашниот ден 20 училишта во Скопје упатија пријави до МВР за добиени пораки на електронските адреси со закана за поставена експлозивна направа, каде по направените потребни проверки беше утврдено дека станува збор за лажни пријави.