РКЕ денес ги објави цените на струјата на малите потрошувачи и домакинствата, како и цената за пренос и дистрибуција на електрична енергија, а овие цени ќе важат од први јануар.
-Вкупната цена за електрична енергија за малите потрошувачи, во кое е влезена енергијата и мрежарината се намалува за 20,15 проценти. Оваа цена ќе се применува за 70.000 компании во државата. Тоа се мали дуќанчиња, фризерници, берберници, мали кафулиња… Кај домакинствата цената на електрична енергија за првиот блок се намалува за 4.11 проценти, за вториот блок за 2,95 проценти, цената за третиот блок се зголемува за 0,85 проценти и за четвртиот блок се зголемува за 7.65 проценти. Дури 99,2 проценти од домаќинствата во државата ќе имаат намалени цени и доколку продолжат да штедат многу мал процент ќе имаат зголемени трошоци. Со овие одлуки цената за преност на електрична енергија се намалува за 8,66 проценти, за дистрибуција се намалува за 19.54 проценти. Тоа е дополнителна помош и за компаниите коис е на слободниот пазар. Во изминатиот период имаше реакции дека трошокот за мрежарина е поголем од трошокот на енергија, тоа ќе се промени поради тоа што трошокот за дистрибуција за домакинствата се намалува за 20, 6 проценти, рече Бислимовски.
Тој додаде дека вкупната цена што ја плаќаат потрошувачите е збир од цената за енергија и мрежарина.
-Претходно цената на енергијата за прв блок беше 4.35, мрежарина 3,37 и вкупно беше за киловат беше 7,72 денари. Сега цената за енергија е 4,73, за мрежа е 2, 68 денари и вкупната изнесува 7,41 денар, што е за 4,11 проценти пониска. За вториот блок изнесувала 8.08 денари, а сега е 7.84 денари, пштом е за 2,95 проценти пониска. За третиот била 8.66 денари, а сега е 8,74 денари, додека за четвртиот беше 17.48 денари, сега е 18,81 денар. Ефтината 3.99 а сега е 4 денари рече тој и додаде:
-Цената на електрична енергија за малите потрошувачи во скапа тарифа вкупно со мрежарина претходно изнесуваше 17,19 денари, сега изнесува 13,73 денари. Ефтината претходно беше 13,51 денар, а сега изнесува 10,78 денари. За да не се почувствува зголемувањето на ДДВ ги намаливме цените во првиот и вториот блок, кажа Бислимовски и додаде:
-Цените кои ги кажавме се цени без ДДВ, а тоа ќе се зголеми од пет на 10 процценти, а тоа во апсолутен износ е зголемување од 4,72 проценти. Со ова сакавме малите потрошувачи да не го почувствуваат ова зголемување на ДДВ да не го почувтсвуваат, рече тој.