(Видео) Ќе ви биде жал што не сте се сетиле порано: Трик за пакување на подароците кога немате доволно хартија – ММС
ММС

Објавено на: 12/28/22 8:00 PM

(Видео) Ќе ви биде жал што не сте се сетиле порано: Трик за пакување на подароците кога немате доволно хартија

Се ближи празничната сезона, а тоа значи дека ќе треба да им подароци на вашите најблиски. Секогаш сакаме да бидеме иновативни и на креативен начин да ги спакуваме подароците за нашите најдраги, но ако тоа го оставиме за во последен момент може да сфатиме дека немаме доволно хартија.

А што ако немате време да одите и да купите нова?

Емили Норис на ТикТик покажа необичен трик, кој може да ви биде од корист. Н видеото може да се види како Емили пакува еден од подароците, а потоа сфаќа дека нема доволно хартија.

„Ако немате доволно хартија, свртете ја кутијата дијагнонално. Успева секој пат“, додава таа.

Всушност, се работи за едноставен трик на кој многумина нема да се сетат, а во иднина може да ви го олесни процесот на пакување на подароците.

@mrsemilynorris

The only Christmas Hack that you need! 🥰🎄 #christmashack #lifehack #wrappinghack #giftwrapping #christmas #christmaswrapping

♬ One More Sleep – Leona Lewis

„Предобро, никогаш не сум се сетила на вакво нешто, а толку е едноставно“, напиша една мајка под видеото кое за кратко време стана вирално и сега има над 1,8 милиони прегледи.