Годината на заминување, за ЈП ХС „Злетовица“ ќе остане забележана по два значајни настани – тоа е ревитализацијата на виталните системи – окото и срцето на „Злетовица“, а по десет години подготовка и изградба на современа станица за ултра – филтрација на водата, системот за водоснабдување на Штип се приклучи кон „Злетовица“. Претстојат нови предизвици за следната година, а тоа се приклучување на последните две општини од регионот и отпочнување на подготовките за Фаза 2 и Фаза 3 – наводнување и изградба на три хидроцентрали.
Објавено на: 12/28/22 12:07 PM