(Видео) Спакувајте ги новогодишните подароци како професионалец – ММС
ММС

Објавено на: 12/28/22 7:00 PM

(Видео) Спакувајте ги новогодишните подароци како професионалец

Со малку труд, украсете ги подароците за вашите најблиски со преубава хартија користејќи интересни трикови.

Не знаете од каде да почнете или што сѐ е потребно да добиете подароци спакувани како оние што ги гледате на Пинтерест? Не грижете се, во продолжение ви ги носиме најдобрите совети од ТикТок со чија помош сите подароци ќе ги спакувате како да сте професионалец.

Прекрасно завиткан класичен квадратен подарок

Најважно е да имате доволно хартија и да исечете од неа доволно за да можете да го обвиткате целиот подарок. Секако ќе ви биде потребен и селотејп.

Откако ќе ја измерите хартијата, ставете ја кутијата на неа и преклопете ја хартијата до крајниот горен дел па залепете со парче селотејп. Потоа, преклопете го подолгиот дел од хартијата навнатре и порамнете го така што работ на хартијата да биде наспроти работ на кутијата. Свртете ја кутијата на страна и притиснете ги страните на кутијата со прстите, порамнувајќи ги аглите што ги добивте. Потоа сите преклопете ги на кутијата и залепете ги. Направете го истото со другата страна.

Watch on TikTok

Едноставно пакување на шишиња

Земете ја хартијата и преклопете ја преку шишето, па исечете парче доволно големо за да го собере шишето. Потоа свиткајте ги страничните рабови и на местото каде што се наоѓа „вратот“ на шишето направете по пет засеци долги околу 5 см од двете страни. Потоа ставете го шишето во хартијата така што засеците ќе му бидат околу вратот. Залепете ги страчните делови на хартијата и долниот дел па со рацете претиснете го местото на хартијата со засеците. Убаво порамнете околу вратот и врзете со украсна лента.

Watch on TikTok

Пакување подароци со необичен облик

Измерете ја хартијата да биде доволно долга за да го завиткате подарокот, исечете, преклопете ги рабовите на хартијата еден кон друг и залепете ги рабовите со селотејп. Потоа преклопете го дното кон нагоре и претиснете. Отворете го дното и свиткајте ги страните навнатре па претиснете. Потоа преклопете ги горните и долните делови навнатре за да може да го создадете „подот“ на подарокот и залепете го со лента.

Ставете го подарокот внатре и превиткајте го горниот дел од хартијата прво на едната, а потоа на другата страна. Претиснете го превитканиот дел со подарокот и земете ја украсната лента. Со неа завиткајте го подарокот, но не на средината, туку малку на левата или десната страна за да може откако ќе ја ставите ленат, делот од свитката хартија да се „подигне“ за да изгледа како хармоника.

Watch on TikTok

А што со остатоците од хартијата?

Од она што ќе ви остане од украсната хартијата може да направите убав украс како на пример машна со која ќе го доукрасите подарокот.

Watch on TikTok