Две политички партии и едно здружение поднеле Кривична пријава до Основното Јавно Обвинителство во предреферендумскиот период за наводен обид за поткуп на гласачи од страна на премиерот Зоран Заев – посочи претседателот на Привремената комисија при Јавното обвинителство, Џељаљ Бајрами и истата се одесуваа на прекршување на член 160 и 162 од Кривичниот закон.
„Се однесува за поднесена кривична пријава од страна на две политички партии и едно здружение на граѓани, ВМРО ДПМНЕ, Светскиот Македонски Конгрес и Гласот на Македонија. За настан во текот на кампањата за говорот одржан од страна на премиерот истата пријава е поднесена до Основното Јавно Обвинителство – Скопје, меѓутоа истата е препратена во надлежност на Основното Јавно Обвинителство во Куманово, распределен е кај надлежен обвинител“, изјави Џељаљ Бајрами.
На новинарско прашање за изјавата на Јанко Бачев, односно неговата закана до пратениците Бајрами истакна дека кога ќе имаат докази и ценат дека има индиции за сторено кривично дело ќе пристапат како Јавно обвинителство..
„Одговорот е дека ние како надлежно Јавно Обвинителство ние веќе сме во контакти со припадниците на Министерството за внатрешни работи односно со секторот за борба против економски криминал и дигитална форензика и штом добиеме доволно докази и цениме дека има индиции за сторено кривично дело секако дека како Јавно обвинителство че постапиме“, изјави Бајрами.
40 нарушувања поврзани со остварувањето право на глас имало за време на референдумското изјаснување, од кои 29 се пристигнати до Јавното обвинителство во Скопје. Додеа пак на отворената електронска адреса пристигнале 15 информации од граѓани и 2 кривични пријави од адвокат во име на политичката партија ВМРО ДПМНЕ.