Бесплатен јавен превоз во Скопје поради загаденоста на воздухот – ММС
ММС

Објавено на: 12/26/22 3:45 PM

Бесплатен јавен превоз во Скопје поради загаденоста на воздухот

Јавното сообраќајно претпријатие ги информира граѓаните дека согласно соопштението од Министерството за животна средина и просторно планирање за надминување на прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри, се активира мерката бесплатен јавен превоз.

Како што информираат оттаму, мерката започнува да се применува од денеска година па сè до завршување на алармантната состојба, што ќе биде објавено од надлежното Министерство согласно резултатите од државниот мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух.
Фото:  МИА