Апелација ја потврди затворската казна на Груевски за „Тенк” – ММС
ММС

Објавено на: 10/5/18 10:27 AM

Апелација ја потврди затворската казна на Груевски за „Тенк”

Скопска Апелација ја одби како неоснована  жалбата на поранешниот премиер,  Никола Груевски за предметот „Тенк“  на СЈО и во целост ја потврди првостепената пресуда за затворска казна од две години.

Судот делумно ја прифати жалбата на обвинетиот поранешен помошник министер за внатрешни работи Ѓоко Поповски и го преиначи делот на одлуката за казната и го осуди на казна затвор во траење од четири години и шест месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.

Кривичниот суд Скопје на 23 мај година за набавката на луксузниот „мерцедес“ вреден 600 илјади евра, го осуди првообвинетиот Ѓоко Поповски на шест години и шест месеци затвор, а второобвинетиот Никола Груевски како поттикнувач за извршување на делото на две години затвор.

Двајцата потоа поднесоа жалби на првостепената пресуда до Апелацискиот суд Скопје.