И денешните дојави за бомби се лажни – ММС
ММС

Објавено на: 12/26/22 2:42 PM

И денешните дојави за бомби се лажни

Министерството за внатрешни работи попладнево соопшти дека дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави од училишта во Скопје, Битола,  Прилеп, Тетово и струшко по добиените пораки на електронските адреса со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.
Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави – додаваат од МВР.