Геостратешки, политички и авантуристички се можните причини за заканувањето со бомби, вели Спасовски – ММС
ММС

Објавено на: 12/26/22 12:42 PM

Геостратешки, политички и авантуристички се можните причини за заканувањето со бомби, вели Спасовски

На денешниот брифинг со новинарите, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски се осврна на дојавите за бомби, кои секојдневно растат и се прошируваат во повеќе градови низ државата.

-Во рамките на истрагите, дојавите за бомби кои беа во Делчево веќе се во завршна фаза и очекувам за ден-два да заврши прибирањето на доказите и да биде поднесена кривична пријава. На добар пат сме да разрешиме уште една пријава. Ова се хибридни напади врз државата. Анализите покажуваат дека се можни три нивоа на причини за овие напади. Геостратешките интереси кои се испреплетуваат на територијата на државата, политичките интереси и третите се авантуристичките кои имавме прилика да ги видиме со тоа што го направија двајца малолетници. Таму каде што се обезбедуваат цврсти докази го правиме многу брзо, рече Спасовски и додаде:

-Кога зборуваме за геостратешките интереси, добро е колку што е и лошо, бидејќи се испреплетуваат големи геостратешки интереси. Се бележи тренд на зголемување по војната во Украина. Потоа зборувам за политички интереси, бидејки сметам дека има многу причинско последични настани кои се случувале во изминатиот период. Повеќе не можам да кажам во овој дел од истрагата. Анализите и сѐ што преземаме оди преку Секторот за меѓународна полициска соработка и на тој начин се добива поддршка од стратешките партнери. Ние разменуваме и информации со земјите од регионот и со таа размена се утврди дека текстот на пораките е ист во сите земји во кои беа испратени. НАТО Aлијансата не прави истраги туку имаат тим кој може да помогне да се спречат сајбер нападите. Нивната помош е да дојдат експерти кои ‘е утврдат ниво на заштитеност од сајбер напади, а истрагите си се на земјите. Со сите земји членки на НАТО, ЕУ и на Интерпол соработуваме. Тие ги разгледуваат и ние добиваме информации кои ги анализираме. Ме]усебно разменуваме информации со Србија, Црна Гора и други држави. Истрагите и утврдување на заканите се прави врз основа на утврдени докази, а не врз основа на големи или мали градови.  Имам најава дека во Делчево ќе ги откриеме, прашањето е само на обезбедување на цврсти докази, додаде Спасовски.

 

Вања Мицевска