Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на денешниот брифинг со новинарите откри детали за синоќешната акција на граничниот премин Табановце, која траеше неколку часа, а поради тоа се создаде неколкукилометарска колона од патници, кои чекаа за влез во државата.
-Кога преземате мерки против корупцијата не можете да се изземете самите како институција. Тоа што вчера се случуваше на Табановце е дел од борбата против корупцијата. Вчера имавме девет лица уапсени. Уапсени се командир, заменик командир, раководител на смена, како и шест полицајци – информираше министерот.
Злоупотреба на службена положба и овластување и поткуп од страна на полициски службеници. Извршени се претреси во објектите во кои работат, но и во нивните домови со цел да бидат пронандени одредени предмети кои потекнуваат од кривичните дела. Се работи на понатамошна постапка за целиот случај и ова е еден дел од активностите за спрецување на корупцијата, рече Спасовски.
(В.Ми.)