Со часови е заглавен граничниот премин Табановце, велат патници за ММС, кои чекаат за влез во државата.
-Неколку часа колоната не може да тргне од Србија, за влез во Македонија. Велат полицијата имала акција и затоа граничниот премин е затворе.
ММС неофицијално дознава дека акцијата не е за царина, туку проверки се прават кај полицијата.
За подетални информации ММС се обрати до МВР од каде ни рекоа:
-МВР во координација со ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција спроведуваат заедничка акција на ГП Табановце, рекоа во кусата информација и најавија дека акцијата се уште трае и дека утре ќе имаат повеќе детали.
(В.М.)
Фото: Вангел Тануровски