Блесна подводната новогодишна елка во Охридското Езеро – ММС
ММС

Објавено на: 12/25/22 3:55 PM

Блесна подводната новогодишна елка во Охридското Езеро

Нуркачите од Нуркачкиот центар АМФОРА од Охрид во Музејот на вода традиционално и оваа година ја накитија подводната новогодишна елка и на сите граѓани на креативен начин им ја честитаа новата 2023 година.

Како и секоја, и оваа нова 2023 година нуркачите од Амфора им ја посветуваат на децата со ретки болести со желба за здравје, успех и среќно детство.

Посетителите на Музејот на вода, елката ќе можат да ја видат од денес па сѐ до крајот на јануари.