Најмалку 19 лица загинаа во САД во невремето опишано како „циклонска бомба” што се случува еднаш во генерација – јавија американските медиуми.
Температурите паднаа и до минус 45 Целзиусови степени во делови од државата, предизвикувајќи наноси од 10 метри од снег и илјадници откажани летови. Повеќе од 240 милиони Американци се соочија со предупредувања за временски услови од Националната метеоролошка служба на САД кои ги предупредија луѓето дека се соочуваат со можни смрзнатини, хипотермија доколку останат надвор предолго.
Најмалку десет од тринаесетте смртни случаи поврзани со временските услови биле предизвикани од фатални сообраќајни несреќи во држави вклучувајќи ги Кентаки, Мисури, Оклахома и Охајо.
Температурите паднаа на -45,6 Целзиусови степени во Монтана и -38 Целзиусови во Ајова.
Градот Бафало и неговата околина воведе забрана за возење, а сите три моста на граничните премини во областа Бафало беа затворени за влезен сообраќај од Канада поради временските услови.
Околу 1,5 милиони американски домови и бизниси вчера останаа без струја.
Повеќе од 5.200 летови беа исто така откажани вчера, според службата за следење летови FlightAware.
Претседателот Џо Бајден издаде национално предупредување: „Ве молам, сфатете ја оваа бура крајно сериозно”.
МИА
Фото: PrtSCr / SkyNews