(видео) Она што порано беше Југославија сега е Малта – Филе во „Стадион“ – ММС
ММС

Објавено на: 12/24/22 12:34 PM

(видео) Она што порано беше Југославија сега е Малта – Филе во „Стадион“

Игор Филевски – Филе, Македонецот од Малта, кој е страстен навивач за аргентинската фудбалска репрезентација, што дури и својата ќерка за крстил Аргентина, знаел кој ќе го освои фудбалскиот трофеј во Катар. Во разговор за емисијата „Стадион“ на Канал 77 вели дека се знае кој е Лео Меси и која нација е фудбалска. За тоа како Аргентина живее со фудбалот, најдобар пример е масовниот дочек на фудбалерите.

-Тоа беше најголемата мобилизација, направена за десетина часови, што го нема во ниту една револуција, Втората Светска војна не направи таква мобилизација. Имаше и повредени на тој дочек, вели Филе.

Стартниот навивач не заминал за Катар, за во живо да го следи Мундијалот. Филе вели дека е прескапо во Катар.

-Многу скапо беше и ова нема да му биде последното светско на Лео (Меси). Имав среќа да го гледам на првенството во Германија – Србија со Аргентина. Премногу беше скапо во Катар. Имам пријател кој отиде во Катар и за 15 дена престој плати 18.000 фунти, а одгледа три одиграни натпревари. Оставив да го гледам Лео во Америка, ќе му биде последен настап, е, таму ќе го гледам, кажа Филе.

Игор Филевски – Филе заедно со семејството од Шпанија се пресели во Малта, каде е меѓу првите населени Македонци таму. Опишувајќи го животот во Малта, веле дека е како во Југославија со бесплатно здравство, бесплатни градинки и фонд за децата од раѓање, што ја прави одлична земја за живот.

-Малта од минатата година на ниво на земји членки на ЕУ, има подобар стандард од Франција, Шпанија и Италија. Во Малта преку лето има 7-8000 Македонци. Малта поубаво ме истретира, здравството е бесплатно, нема партиципација. Она што порано беше Југославија го имаме сега во Малта. Зошто би се вратил во Македонија?! Се плаќа 6 евра од час за едно дете во градинка ако не работат двајцата родители, но е бесплатна ако работат. Децата добиваат месечен бонус од државата. Ако не се трошат тие пари детето во Малта со 16.000 евра станува полнолетно и нема врска дали имаат европски или македонски пасош. Тие пари го добиваат и децата со македонски пасош, објаснува Филе во „Стадион“ на Канал 77.