Кинески град регистрира половина милион случаи на ковид-19 на дневно ниво – ММС
ММС

Објавено на: 12/24/22 12:26 PM

Кинески град регистрира половина милион случаи на ковид-19 на дневно ниво

Околу половина милион луѓе дневно се заразуваат со коронавирусот само во кинескиот град Чингдао – изјави здравствен претставник на градот, наведувајќи во напис што набрзо беше цензуриран, објави Гардијан.

На почетокот на декември, поради зголеменото незадоволство на населението, Кина без претходна најава ги откажа повеќето строги здравствени мерки спроведени како дел од политиката „нулта ковид” што ја спроведуваше од 2020 година.

Укинати се карантините и ограничувањата за патување, кои исто така значително се одразија на кинеската економија.

Оттогаш има експлозија на инфекции со ковид-19, а голем дел од населението е оставено сами на себе, во време кога има недостиг од антипиретици и тестови поради огромниот пораст на побарувачката. Низ целата земја, градските власти се обидуваат да се справат со повторното појавување на инфекцијата, која ги испразни полиците во аптеките и ги наполни болниците, а крематориумите се чини дека се преполни, јавија западни медиуми.

 

МИА