Само тројца македонски новинари во приватна режија го следеа Мундијалот во Катар – ММС
ММС

Објавено на: 12/24/22 11:01 AM

Само тројца македонски новинари во приватна режија го следеа Мундијалот во Катар

Скапи авторски права, но и астрономските цени на сместувањето го ограничи присуството на македонските спортски новинари во Катар. Македонската фудбалска репрезентација не играше на Мундијалот, но следењето на настаните и натпреварите од местото на случувањата е императив. Ова е ставот на Мијалче Дургутов, долгогодишен спортски новинар, кој присуствувал на бројни значајни светски и европски турнири, а во приватен ангажман го следеше и овој во Катар.

-Има начин македонските медиуми да се врзат со други медиуми и заедно да настапат во откуп на авторските права. Националните телевизии на земји чии репрезентации не играа, беа во Катар. Само тројца новинари од Македонија во приватен аранжман беа на Светското првенство во фудбал во Катар. Не може да не’ нема на европско, на светско првенство, многу сме чудни како седма сила, рече Дургутов во емисијата „Стадион“ на Канал 77.

Во Катар најскапо нешто што било сместувањето.

-Никогаш во мојот живот на ниедно парче земја, а сум поминал наоколку десетина земји,  не било така скапо сместувањето за време на Мундијал. Новинарите не мора да одат во скапи хотели. Има екипи кои закупуваа приватни апартмани. Шпанците имаа закупно приватен апартман. Зошто во хотел да платат 10.000 евра?! 260 евра беше плаќање во контејнер. Мене ме спаси штипското лоби, рече Дургутов.

Според него, во прес центарот биле високи цените. Едно кафе се продавало за 5, 6 евра, водата 3 евра, 9 евра еден сендвич со туна, додека транспортот – метро, шатл автобуси, било бесплатно.

-Мене како акредитиран новинар, имав потреба од интернет картичка. Влегувам во тобакото, барам картичка – ја бараат само хајат картичката со еден читач на бар кодот и во истиот момент излезе мојата слика, со сите показатели, каде престојувам, кога сум влегол и се друго. И интернет картичката е на товар на организаторот, објасни Дургутов во „Стадион“.

На Мијалче Дургутов, ова му беше деветто светското првенство на кое присуствувал.