Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 33-годишен битолчанец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори според член 215 став 1 од Кривичниот законик.
При претрес во домот на осомничениот на 21 декември на улицата „Стрчин“, полициски службеници пронашле 72,69 грама наркотична дрога – марихуана, спакувана во повеќе различни пакувања, соошти денеска Обвинителството.
Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот. Судијата го прифати предлогот и донесе решение со кое на осомниченото лице му определи притвор во траење од 30 дена.
Фото: Архива / МВР