Заврши контролата на УЈП во Слобода Превоз и видено од записникот не се констатирани никакви неправилности, криминали , полнење приватни џебови и сл. Но, констатирано е дека ЈСП си има долг кон „Слобода Превоз“ од над еден милион евра, информираше Ленин Јовановски на својот Фејсбук профил.
Тој додаде:.
-Е сега, жал ми е за сите оние што поверуваа на лагите на психопатот кој ја смисли оваа ујдурма и купи неколку дена за сопствената неспособност. А јас, откако ќе го наплатам долгот со сите оние додавки за адвокати, извршители, камати и штети, пак ќе има за уште едно Харли , а можеби и џип, а за жал оваа екскурзија на маќеата, граѓаните ќе ја платат, а не она од соствен џеб. Јас ќе продолжам да водам љубов со животот, вели меѓудругото Јовановски.