Сари незадоволен од играта на „сините“ против МОЛ Види – ММС
ММС

Објавено на: 10/5/18 7:32 AM

Сари незадоволен од играта на „сините“ против МОЛ Види

Менаџерот на Челзи, Маурицио Сари, изјави дека не  е особено задоволен од победата на неговата екипа со 1:0 над МОЛ Види во Лигата на Европа.
Алваро Мората ја донесе победата на тимот од Лондон, но тој исто така се истакна и со неколку шокирачки промашувања. „Сините“ на „Стемфорд Бриџ“ не успеаја да постигнат втор гол и да решат сè во своја корист, и мораа да треперат до последно неколку пати, бидејќи гостите пропуштија добри можности за да израмнат.
– Мислам дека не игравме добро. На највисоките позиции бевме пристојни и создадовме ситуации, но во одбраната дозволивме многу грешки. Треба да играме за три дена и тоа е тешко. Затоа мораме да го имаме вистинскиот менталитет. Постои опасност во секој натпревар да излеземе без доволно психичка сила и енергија. Сепак, јас сум среќен со тимот. Ова е тежок период од сезоната, а најважни се резултатите, сподели Италијанецот по мечот.
Тој додаде дека ќе мора да замени многу играчи за следниот натпревар со Саутемптон.
– Ќе ни биде тешко да се подготвиме, бидејќи многу играчи ќе бидат уморни утре, рече Сари.