(Рецепт) Јадете без грижа на совест: Здрава француска салата со помалку калории – ММС
ММС

Објавено на: 01/1/23 12:25 AM

(Рецепт) Јадете без грижа на совест: Здрава француска салата со помалку калории

Еден од празничните специјалитети е и француската салата, која сите ја сакаат иако знаат колку е таа калорична.

Доколку внимавате на линијата и сакате се храните здраво имате две опции – да направите класична полномасна верзија на француска салата па строго да ја ограничите количината, или да направите поздрава верзија без мајонез, во која ќе уживате без грижа на совест.

Класичната француска салата содржи голем број калории

Најголемиот „грев“ на француската салата е нејзината енергетска вредност.

Проблематичните намирници кои се одговорни за високата калорична содржина на француската салата се мајонезот и павлаката. Останатите состојки, а тоа се зеленчукот и тврдо варените јајца, немаат за што да се жалат. Полномасната верзија на француската салата во 200 g има околу 300 калории. Најкалорична е онаа француска салата која не содржи ниту павлака ниту јогурт и е направена само од мајонез, па проценките се дека таа содржи дури до 500 калории.

Мајонез од јаткасти плодови

Веганите и луѓето кои јадат сирова храна го приготвуваат мајонезот со помош на јаткасти плодови и растителни масла. Иако јаткастите плодови и растителните масла како што е маслиновото, имаат свои нутритивни предности, француската салата направена со мајонез и со јатки е покалорична од класичната полномасна француска салата со мајонез и павлака. На пример, 200 гр француска салата подготвена со 1,3 кг зеленчук, мајонез од една шолја натопени индиски ореви и една шолја натопени семки од сончоглед, 0,5 dl маслинки, малку сенф, сок од лимон и лук обезбедува 450 калории.

Ако сакате пак класичниот мајонез да го замените со мајонез од тофу ќе добиете целосно растителна француска салата со 130 калории на 200 грама.

Состојки и рецепт:

250 гр свежо тофу, 1 дл обична вода, 2 лажици масло, 2 лажици оцет, исцеден сок од лимон и зачини по желба

Направете мајонез со мешање 250 гр свежо тофу, половина чаша вода, 2 лажици масло, 2 лажици оцет, исцеден сок од лимон и сол. Ако го замените компирот со тиква, оваа француска салата ќе обезбеди само 100 калории и ќе уживате во неа без каење,  а освен што е помалку калорична е и лесно сварлива.

 

Извор:  miss7zdrava.24sata.hr

Фото:  Илустрација / PrtScr