Македонски апсурд: Универзална конкурира за Европски град на култура, ама кој ќе ја реновира? Средба на министерката и градоначалничката по Нова Година – ММС
ММС

Објавено на: 12/23/22 12:01 PM

Македонски апсурд: Универзална конкурира за Европски град на култура, ама кој ќе ја реновира? Средба на министерката и градоначалничката по Нова Година

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска апелира да се реши статусот на Универзалната сала во Скопје и најави дека по празниците ќе иницира нова средба со скопската градоначалничка Данела Арсовска.

На денешната прес-конференција во Владата, министерката Костадиновска-Стојчевска истакна дека до денес немаат добиено информација од Градот Скопје до каде се активностите околу Универзалната сала.

– Морам да апелирам и да напомнам дека Градот Скопје е влезен во најтесниот круг за Европски град на културата во 2028 година. Бидејќи Универзалната сала се јавува како апликант на тој конкурс, апелирам и ќе иницирам нов состанок со градоначалничката Данела Арсовска, затоа што мораме заедно (Град Скопје и Министерството за култура) да работиме на таа програма која е од национален интерес, рече Костадиновска-Стојчевска, одговарајќи на новинарско прашање.

Министерката нагласи дека Владата е подготвена со сите свои ресурси да ја реализира оваа апликација, бидејќи се работи за прашање од национален интерес.